Почитувани посетители на веб сајтот на Логин Системи,
Ви ги претставуваме најинтересните и најбитни активности и моменти поврзани со работењето на Логин Системи – почнувајќи од формирањето до денес.
Транспарентното работење и континуираното информирање на јавноста се вградени во работењето на Логин Системи уште од почетокот на своето работење.
За некого од вас, сликите, настаните и изјавите ќе бидат прво поконкретно запознавање со Логин Системи, за некого потсетување на моментите поврзани со Логин Системи.
На сајтот може да осознаете дали изјавите во минатото се оствариле во сегашноста со што се покажува дали фирмата била визионерска или не, дали сме биле упорни во нашите настојувања, како сме го граделе пазарот и во кои правци сме се развивале.
Прелистувајќи низ информациите, ќе се сретнете со многу познати лица од секојдневието на Логин Системи и Македонија (различно изгледаат кога се млади). Сите информации се од тогашното време и не се изменувани и разубавувани за да бидат верни на времето во кое се креирани настаните и изјавите.
Со почит,
Венко Глигоров
Генерален менаџер
Логин Системи